Ко’ ќе ти тргне некогаш никој ништо не ти може!
Ова номално се однесува на сестра ми, а за мојот ред на тргнување ќе морате да причекате. Бев толку наивен да мислев и мене ќе ми се насмевне среќата, арно ама, мене не ми се смеат ни продавачките у Тинекс кога е избор за најљубезен продавач, (освен оној ден кога се појавив со новата фризура) а не па фортуната да ми се насмее.
Во овој момент сестра ми, мојата непресушна инспирација полетува со хорот за Италија.
Веќе видено?
Е да, ама не беше во Рим. Ја додека пливав у лајната на Пештани и Градиште таа беше у Венеција, Пиза, Савона..Господ глеа само накај нејзе и си вика "чекај, чекај, оваа не беше у Рим? Ај ќе напраам да иде!"
Ја не можам да отидам до Катланово, ама кој ме глеа?!
Како би можел ја да отидам у Рим? Со хор тешко. Делумно поради моите гласовни "неспособности" а и поради тоа што машки хорови слабо виреат кај нас. Премногу е педерски веројатно. Затоа па кога оди на карате и освојува медаљи на светски купови- тоа е женствено. Сега оди у теретана и тоа е женствено.
Мада, ко’ ќе ги видам тие билдерите како се гледаат у огледало и се меркаат меѓу себе кој е понабилдан, не сум сигурен дека сум "сигурен " меѓу нив.
Инаку, ќе им пее на папата, на Хорхе, на дедо Стефан, министерката Канчевска- Милевска и на Кирил и Методиј.
Просветителите имаат среќа и веќе не можат да ја слушнат, папата е стар и веројатно ќе си го предреме концертот, ама Ѓорѓе ќе има последици сигурно.
Ако д’тка појако да знаете од што му е.